Кристиано Роналдо донел одлука да го одработи договорот со Манчестер Јунајтед, пренесува „АС“.
37-годишниот Португалец минатото лето потпиша двегодишен договор, но медиумите на Островот во последно време шпекулираат дека сака да си замине на крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таа опција изгледаше уште поверојатна пред неколку дека кога „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од Лигата на шампиони и Роналдо за прв пат од 2005 година остана без освоен трофеј.
Роналдо не е во добри односи со менаџерот Ралф Рангник, но јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе добие нов тренер на крајот на сезоната.
Покрај се, Роналдо решил да остане и верува дека Јунајтед ќе назначи одличен менаџер со кој следната година ќе може тимот да се бори за трофеи.