Дома Топ вести Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека фудбалскиот клуб Ваљадолид е на продажба.

Ваљадолид во овој момент се натпреварува во шпанската втора лига и се бори за влез во Примера. Роналдо го презема Ваљадолид во 2018. година откако откупи 51% од акциите на клубот за 30 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговиот период во шпанскиот клуб беше полн со успеси и падови, но вистина е дека од односот со навивачите во последно време не е беше на највисоко ниво. Роналдо во последните неколку месеци поднесе неколку тужби за вознемирување кое го добивал преку пораки на социјалните мрежи од одредени навивачи на Ваљадолид.

Таквите напади придонеле во одлуката на Бразилецот да го продаде клубот. Цената на клубот ќе зависи од тоа дали тие ќе изборат промоција во Примера или не. Во шпанската јавност се шпекулира дека Роналдо размислувал да го продаде Ваљадолид и пред една година, но тогаш го спречило испаѓањето во понизок ранг. Промоцијата во Примера дефинтивино значително би ја зголемило цената.

Претходно Роналдо соопшти дека ја завршил продажбата на бразилскиот Крузеиро. Овој клуб го купи во 2021 година кога клубот беше во сериозна финансиска криза. На местото прв човек на Крузеиро го наследи бизнисменот Педро Фигуеридо кој е основач на еден од најголемите ланци на супермаркети во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…