Кристиано Роналдо полека но сигурно започнува да доминира во Серија А.
Роналдо после вчерашниот натпревар против Фросиноне на своето конто има 24 голови (прв стрелец во Серија А) и осум асистенции (ја дели првата позиција со Сусо).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Против Фросиноне Роналдо втор во кариерата стигна до едно големо достигнување.
Имено, по втор пат во клупската кариера Роналдо успеа на три првенствени натпревари да забележи гол и асистенција.
Вчера Португалецот беше помеѓи најистакнатите фудбалери во победата од 3:0. Додека во 6-тата минута му асистираше на Дибала во 63-тата минута поентираше после асистенцијата од Марио Манџукиќ.
Овој натпревар за Роналдо беше трет во низа на која постигнува погодок и запишува асистенција.
1+1 – Cristiano Ronaldo has both scored and provided an assist in each of his last three league games for the second time in his career in the Top-5 European leagues (the first with Real Madrid in November 2014). Rarity. #JuveFrosinone pic.twitter.com/PEzOKhoDXJ
— OptaPaolo (@OptaPaolo) February 15, 2019
Во натпреварот против Парма на 2-февруари се истакна со два гоа и асистенција. Неколку дена подоцна против Сасуоло на 10-ти февруари одново имаше две асистенции и погодок. Одличната форма ја потврди вчера против Фросиноне со по еден погодок и асистенција.
Идентичен подвиг – барем по еден гол и асистенција на три натпревари во активната кариера освен вчера Роналдо оствари само уште еднаш во кариерата.
Во 2014 година за Реал Мадрид во шпанското првенство постигнуваше голови и асистираше против Гранада (еден гол, две асистенции), Рајо Ваљекано (еден гол, две асистенции и Еибар (два погодоци, една асистенција).
Вкупно во сите натпреварувања во актуелната сезона Роналдо на 32 натпревари има 21 погодок и 12 асистенции.