Дома Трансфер зона Роналдињо: Ако Меси сака да си оди, јас го поддржувам

Роналдињо: Ако Меси сака да си оди, јас го поддржувам

Иако за Барселона е незамисливо нивната икона Лионел Меси да го напушти клубот, другата легенда на клубот Роналдињо вели дека би го поддржал Аргентинецот доколку сака да замине.

Роналдињо го напушти „Камп Ноу“ пред девет години, но како амбасадор на Барселона е во постојан контакт со играчите и вели дека ќе го поддржи Меси во неговата одлука.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Ако неговото срце му вели дека треба да оди во друг клуб, без оглед на фактот што сум јас амбасадор на Барселона, ќе го поддржам. Но, сепак би сакал да остане во Барселона“, изјави Роналдињо.

Меси договори продолжување на соработката со Барселона до 2021 година, но се уште нема потпис на договорот.

Доколку не дојде до потпишување на договорот, Аргентинецот на крајот на сезоната ќе може да си замине, а една од ретките екипи која може да ги задоволи неговите финансиски барања е Манчестер Сити.

Сепак, тешко е да се поверува дека Меси ќе ја напушти Барселона во блиска иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја брка скапата бразилска ѕвезда

Бразилецот Антони како големо засилување пристигна во Манчестер Јунајтед, но засега е дале…