Претседателот на Рома, Џејмс Палота изјави дека голманот Алисон Бекер нема шанси да биде продаден во летниот преоден рок.
25-годишниот Бразилец игра фантастична сезона во дресот на Рома и за него силен интерес покажуваат Реал Мадрид и Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ неодамна потврди дека „кралскиот“ клуб е спремен да испрати понуда од 60 милиони евра. Притоа, Алисон е на прво место на списокот на Клоп кој е спремен да понуди и повеќе за бразилскиот голман.
„Немаме намера да го продаваме Алисон. Нема никакви шанси тој да замине. Уште кога го купивме знаевме дека е голем голман и оваа сезона тој го покажа тоа. Не сакаме да го продаваме“, изјави Палота.
Roma have no intention of selling Real Madrid and Liverpool target Alisson Becker this summer. (Source: SkySports) pic.twitter.com/CZg7FfUm3S
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 16, 2018