Дома Трансфер зона Рома спреми понуда за Белоти

Рома спреми понуда за Белоти

Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино.

Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има неколку понуди.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Белоти веќе подолго време се поврзува со трансфер во Милан, но сега во трката за неговиот потпис сериозно се вклучи и Рома.

Џеко на лето најверојатно ќе ја напушти „волчицата“, а Мурињо смета дека Белоти би бил идеален наследник на Босанецот.

Торино за неговата слобода бара 35 милиони евра, а Рома е спремна да понуди 30 милиони плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…