Ако Италијанецот прифати, двајца играчи би требало да заминат.
Во Рома се цврсто решени Антонио Конте да им биде нивниот нов тренер. Поранешниот трофеен тренер на Јувентус е прв пик на „волчицата“ и преговорите веќе се започнати. Конте добил понуда која финансиски била помала од она што го добива од Челзи, но и таа сума е доволна за Рома да мора да ги намали трошоците за други фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што тврди „Калчомеркато“, Рома му понудила договор на Конте според кој тој би заработувал 9.5 милиони евра годишно што е за 1.5 милиони помалку од договорот кој италијанскиот стратег го врзува со Челзи.
Конте наводно е заинтересиран за работата во Рим и е спремен да се откаже од тие 1.5 милион евра разлика, но бара гаранција околу доведувањето на играчи, околу ангажманот и изборот на засилувања. Италијанецот сака да создаде цврст тим кој ќе може да го предизвика Јувентус во борбата за Скудетото и конечно да ја прекине доминацијата на „старата дама“.
Рома се уште не избрала и нов спортски директор од заминувањето на Рамон Мончи, во овој момент најблиску до таа функција во Рим е Џанлука Петраки кој работеше во Торино.
Меѓутоа како што тврди „Калчомеркато“ доколку Конте ја прифати понудата од Рома клубот ќе мора да ги продаде најплатените играчи како: Един Џеко, Хавиер Пасторе и Стивен Н’Зози.