Рома постави цена од 120 милиони евра за голгетерот Тими Абрахам, пренесува „Дејли Мејл“.
Англискиот репрезентативец минатото лето пристигна во Рома од Челзи за 40 милиони евра и до сега игра фантастична сезона, постигна 23 гола на 37 меча.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Абрахам со одличните партии го привлече вниманието на многу европски клубови, меѓу кои и врвните клубови од Премиер лигата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед веќе спрема понуда и сака да го донесе на „Олд Трафорд“.
Рома сигурно нема лесно да се откаже од 24-годишниот голгетер и поставила цена од 120 милиони евра.