Дома Фудбал Останато Рома објави нови информации за фудбалерот кој колабираше на теренот против Удинезе

Рома објави нови информации за фудбалерот кој колабираше на теренот против Удинезе

Фудбалерот на Рома, Еван Ендика, кому му се слоши на натпреварот против Удинезе, добил лекарска дозвола да се врати на физичките активности, соопшти денеска италијанскиот клуб.

„Ендика беше подложенана низа срцеви и пулмонални прегледи од трето ниво кои потврдија отсуство на каква било срцева патологија и заздравување на забележаниот минимален пневмоторакс (присуство на воздух во ткивото на белите дробови)“, рече Рома.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Како резултат на тоа, играчот може да продолжи со физичка активност, иако ќе остане под надзор“, се додава во соопштението.

Сепак, Рома не соопшти кога фудбалерот ќе се врати на натпреварите.

Овој 24-годишен дефанзивец колабираше на 14 април во 70. минута од натпреварот Удинезе-Рома. Веднаш беше пренесен во болница, а во прв момент информациите беа дека доживеал срцев удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го избркаа од Јунајтед како „партал“, а синоќа се расплака од среќа по сезоната на животот (Видео)

Фудбалерите на Наполи синоќа ја освоија титулата шампиони на Италија затоа што во последно…