Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле, пренесува каталонски „Спорт“.
Жозе Мурињо сака да ја засили одбраната и Французинот е прво име на неговиот список.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома испратила прва понуда од 15 милиони евра, но Барселона во овој момент бара најмалку 5 милиони евра повеќе.
Рома не се откажува и спрема нова понуда, па преговорите помеѓу двата клуба ќе продолжат во следните денови.
Ленгле разговарал со Мурињо и дал согласност за негов трансфер на „Олимпико“.
Барселона е во лоша финансиска ситуација и токму поради тоа е спремна да ја прифати понудата на италијанскиот клуб.