Раководството на Рома работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар.




Рома веќе испрати првична понуда и е во напредни преговори со Лион, бидејќи во Ауар гледа идеална замена за Михтарјан.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
23-годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но после просечната сезона која ја одигра, нема многу понуди и Рома сака да ја искористи ситуацијата.
Французинот веќе дал согласност за трансфер во Рим и ги договорил личните услови со „волчицата“.




Двата клуба би требало да го договорат трансферот во наредните денови, а Рома ќе плати 15 милиони евра плус бонуси.