Бразил има привремен селектор, тоа е Фернандо Диниз, но „кариоките“ се во потрага по нов селектор и се погласни се шпекулациите дека тоа ќе биде Карло Анчелоти.
Легендата на бразилскиот фудбал, Ромарио даде свој коментар на оваа тема и јасно стави до знаење дека не го сака Анчелоти.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Е.и го Анчелоти, сакам Диниз да остане селектор. Сакам да му честитам на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригес, бидејќи направи добра работа кога го избра Диниз“.
„Му треба повеќе време за да почне да работи со репрезентацијата, како што прави со клубот. На последните два натпревари ремизираа и загубија, но никој не победува цело време“, изјави Ромарио.