Дома Фудбал Романо го потврди следниот клуб на Мбапе: Повеќе нема дилеми

Романо го потврди следниот клуб на Мбапе: Повеќе нема дилеми

Фабрицио Романо денеска потврди дека Килијан Мбапе (25) од ПСЖ летово ќе премине во Реал Мадрид. Реал без обештетување ќе го добие францускиот капитен.

Романо пишува: „Килијан Мбапе е презадоволен од сите разговори што ги има со Реал. Се верува дека е само прашање на време кога ќе заврши сагата“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мбапе донесе одлука. Тоа е Реал Мадрид и нема сомнеж. Тој никогаш немал намера да преговара со други клубови, од првиот ден. Неговиот целосен фокус е на Реал Мадрид“.

Мбапе пристигнува во Реал како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а 25-годишниот Мбапе се одлучи за Реал и му порача на ПСЖ дека повеќе не мора да контактира со него за продолжување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на сагата: Решена иднината на Винисиус!

Винисиус Жуниор реши да стави крај на неоснованите медиумски шпекулации и објави дека ќе г…