Дома Фудбал Родри: Се наоѓаме во тешка група, но нашата цел е да го освоиме ЕП

Родри: Се наоѓаме во тешка група, но нашата цел е да го освоиме ЕП

ФУДБАЛЕРИТЕ на Шпанија, кои од саботата се подготвуваат за Европското првенство во нивниот камп во предградието на Мадрид, изјавија дека целта им е победа на ова натпреварување.

„Никогаш не сакав да кажам дали сме фаворити, но очигледно Шпанија е секогаш еден од претендентите за титулата“, изјави за новинарите 27-годишниот Родриго Ернандез, попознат како „Родри“.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Играчот за врска на англискиот шампион Манчестер Сити истакна дека помина долго време откако Шпанија го освои Европското првенство, па затоа се желни за добар резултат.

“Ќе патуваме на првенството полни со желба. Заминуваме со мислата како да победиме. Дека можеме да се натпреваруваме со другите, да бидеме силни, да играме добро во одбрана и напад и на тој начин да стигнеме што подалеку”, изјави Родри.

Шпанија беше европски првак во 1964, 2008 и 2012 година. Европското првенство започнува на 14 јуни во Германија, а во групата Б се Хрватска, Италија и Албанија.

„Свесни сме дека сме во тешка група, со силни противници“, истакна Родри. „Но, нашата цел е да го освоиме Европското првенство“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Њукасл стана хулиган. Доби забрана за влез на стадион

Едно време голем талент на Њукасл, Енди Ферел (40) го мина патот од играње на терените шир…