Дома Фудбал Останато Роберт Просинечки пред нов тренерски ангажман

Роберт Просинечки пред нов тренерски ангажман

„Спорт Клуб“ повикувајќи се на сигурни извори пренесува дека поранешната голема ѕвезда на југословенскиот фудбал, Роберт Просинечки ќе го преземе клубот кој неодамна го водеше и Александар Васоски, босански Сараево.

Претседателот на Сараево Исмир Мирвиќ и Роберт Просинечки имале средба на која ги договориле условите, а потврдата за ангажманот на Просиниечки би требало да пристигне во петок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дали Просинечки во Сараево ќе биде доволен за пласман во Европа, останува да видиме во пролетниот дел од сезоната.

Сараево моментално е на петтото место во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, со 25 бода, четири помалку од Железничар, првиот тим на позицијата што води во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти не го повика Винисиус за следните натпревари на Бразил

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти одлучи за следната репре…