Дома Фудбал Репрезентации Роберто Мартинез: Со здрав Азар можеме и да го освоиме Мундијалот

Роберто Мартинез: Со здрав Азар можеме и да го освоиме Мундијалот

Светското првенство во Катар започнува за помалку од еден месец, па така еуфоријата е се поголема. Белгија е една од селекциите кои се истакнуваат како „фаворити од сенка“.

За многу фудбалери од „златната генерација“ на Белгија овој Мундијал ќе биде последна шанса за успех, а помеѓу нив е и Еден Азар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез зборуваше за фудбалерот на Реал Мадрид и истакна дека доколку Азар биде здрав тие би можеле да се надеваат и на освојување на Мундијалот.

„За мене не се логични прашањата дали Азар е важен дел од репрезентацијата. Тој беше еден од нашите клучни играчи на Мундијалот во 2018 година каде стекна и искуство. Последните две години не беа лесни за него, се мачеше со повреда, но придонесе за тимот. Доколку биде здрав можеме и да го освоиме СП“, смета Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алонсо е загрижен за ѕвездата на Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, ја коментираше ситуацијата околу бразилскиот напаѓач…