Македонскиот фудбалски прволигаш Борец од Велес не застанува со засилувањето на својот ростер за следната сезона и денес договори две странски имиња.
Нови членови на велешкиот тим се Милош Рниќ и Данило Радјен. 28-годишниот Рниќ треба да биде големо засилување меѓу стативите на Борец. Искусниот голман на својот грб има 10-годишно искуство бранејќи во повеќе тимови од Србија, а во Велес се сели од редовите на Нови Пазар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Радјен пак треба да биде освежување во дефанзивата. 27-годишниот Србин со американски пасош по неколкугодишните настапи во САД, пред две сезони се пресели во Србија, од каде преку Телеоптик и Бачка направи трансфер во нашиот прволигаш.
На почетокот на летниот трансфер период, Борец потпиша нови договори со осум фудбалери, а тимот го засили со Алекс Талески и Аргентинецот Гонзало Зарате.