Дома Фудбал Англија Ријад Марез ги остави вратите отворени за летниот трансфер период

Ријад Марез ги остави вратите отворени за летниот трансфер период

Алжирецот Ријад Марез во разговор за „BBC“ разговараше за претходните случувања и за можниот трансфер на лето.

Потсетуваме, Марез беше желба на Пеп Гвардиола. Понудата беше испратена во износ од 74 милиони евра, но беше одбиена во Лестер и до трансферот не дојде и покрај големата желба на Алжирецот да оди во моментов првопласираната екипа во Премиер лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во фудбалот играчите си заминуваат, играчите доаѓаат, јас не велам дека ќе останам или ќе си заминам. Секогаш разговарам со управата на клубот, се е добро, така да ќе видам што ќе се случи на лето. Во моментов сум играч на Лестер“, изјави Марез.

Марез беше прашан и зошто го напушти клубот откако што не успеа да го реализира трансферот во Манчестер Сити.

„Заминав бидејќи ми требаше време да размислам за се, секогаш можам да жалам за нешто, но јас мислам дека тоа беше најдобра одлука. Цело време бев во контакт со клубот, па тие тоа го примија многу добро“, заклучи Алжирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…