Тимот на Динамо вчера направи голем успех елиминирајќи го Лигата на Европа англискиот гигант Тотенхем.
Тотенхем во Загреб допатува со предност од 2:0, а на „Максимир“ после продолженија избраниците на Мурињо беа поразени со 3:0. За Динамо овој натпревар го играа Стефан Ристовски и Арјан Адеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ристовски беше заменет во 90. минута, а Адеми остана до 118.. Денес на Инстаграм, заменик капитенот на македонската репрезентација откри дека имал средба со Жозе Мурињо.
„Фудбалскиот свет многу научи од тебе, а јас имав чест лично да видам колку голем човек си. Ти благодарам за моментот кој никогаш нема да го заборавам“, напиша Ристовски на Инстаграм.