Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Реткост: Противниците на Перу бараат Пабло Гуереро да игра на Мундијалот

Реткост: Противниците на Перу бараат Пабло Гуереро да игра на Мундијалот

Перуанскиот напаѓач Пабло Гуереро се уште чека на милост од ФИФА за да заигра на Мундијалот во Русија.

ФИФА го суспендираше Гуереро откако играчот падна на допинг дест – беше позитивен на кокаин. Тогаш ФИФА му додели суспензија од една година, но после жалбата неговата казна беше преполовена и изгледаше дека тој ќе настапи на Мундијалот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, ФИФА повторно го шокираше фудбалскиот свет со објавата дека Гуереро нема право за настап и дека селекторот на Перу не може да смета на него. Но, Здружението на професионални фудбалери (ФИФПро), денес објави дека противниците на Перу на СП бараат тој да игра на Мундијалот.

Имено, ФИФПро вчера објави дека капитените на Франција, Данска и Австралија, ја поддржаа иницијативата и побараа од ФИФА Гуереро да игра во Русија. Така Уго Лорис, Симон Кјаер и Миле Јединак го потпишаа писмото со поддршка за Перо кое беше испратено на адреса на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…