Дома Фудбал Репрезентации Репрезентацијата на Чиле остана без селектор

Репрезентацијата на Чиле остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Чиле остана без селектор.

Неодамнешниот предводник на репрезентацијата на Чиле, Едуардо Беризо, поднесе оставка по ремито без голови против Парагвај во петтото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Аргентинецот Беризо во својата кариера беше тренер на членовите на шпанската Примера Селта, Севиља и Атлетик Билбао, а беше и селектор на репрезентацијата на Парагвај.

Чиле има лош старт на квалификациите за Светското првенство. Под водство на Беризo имаа само една победа во првите пет кола и беа на шестото место со пет освоени бода, што е премалку во споредба со нивните очекувања.

Наследник на Беризо на клупата на Чиле ќе биде до неодамна селекторот на младата репрезентација на таа земја, Николас Кордова, кој ќе ја води селекцијата како привремено решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …