Мартин Делев е шампион на првото издание на TWINGO CUP 2019, откако денеска сезоната заврши со двете трки во Серес, Грција.
На првата трка триумфираше Слободан Трајковски, пред Делев и Давид Малинковски, кој пак на втората трка се искачи на највисокото место на подиумот. Во втората трка на втор финишираше Трајковски, додека на подиумот имаше место и за Иван Стефановски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Делев заслужено дојде до шампионскиот трофеј откако сезонава триумфираше на дури четири трки од вкупно седумте. Премиерната сезона во TWINGO CUP мина одлично, а Македонија покажа дека има фантастични натпреварувачи.
РЕЗУЛТАТИ ПРВА ТРКА СЕРЕС
1. Слободан Трајковски 29:24,297
минути
2. Мартин Делев 29:26,248
3. Давид Малинковски 29:27,248
4. Иван Стефановски 29:31,792
5. Емил Нацка 29:32,174
6. Владимир Тренески 29:33,864
7. Ангелче Стојковски 31:00,153
8. Ненад Костовски 31:01,689
РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ТРКА СЕРЕС
1. Давид Малинковски 28:40,138
минути
2. Слободан Трајковски 28:45,495
3. Иван Стефановски 28:47,096
4. Мартин Делев 28:50,992
5. Владимир Тренески 28:54,347
6. Емил Нацка 29:25,222
7. Ненад Костовски 30:26,
741
*Ангелче Стојковски не стартуваше