Дома Фудбал Англија Реми на „Стенфорд Бриџ“, Азар отвори, Стариџ со супер гол му го „украде“ шоуто! (ВИДЕО)

Реми на „Стенфорд Бриџ“, Азар отвори, Стариџ со супер гол му го „украде“ шоуто! (ВИДЕО)

Во дербито на седмото коло во Премиер лигата тимот на Челзи го пречека Ливерпул.

Одличен натпревар гледавме на „Стенфрод Бриџ“, Азар повторно беше енигма за екипата на Ливерпил, но на крај шоуто го украде Даниел Стариџ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во 22 минута „сините“ пропуштија одлична прилика преку Вилијан кој изби еден на еден со Алисон, но неговиот колега од репрезентација успеа да ја сочува својата мрежа.

Сепак, само три минути подоцна поранешниот голман на Рома на беше целосно немоќен.

Ковачиќ испрати брилијантен пас до Азар кој беше на левата страна, Белгиецот се избори за одлична позиција, шутираше и го матираше Алисон кој беше немоќен.

Потоа се закани Салах на другата страна, но Рудигер го изблокира неговиот удар. Пред крајот на првиот дел Мане шутираше од работ на казнетиот простор но, топката заврши над голот на домаќините.

Во вториот дел гледавме шанси и на двете страни со тоа што Ливерпул беше нешто поконкретен, но гол немаше се до финишот од средбата.

Јирген Клоп во 86 минута на терен го испрати Даниел Стариџ кој потоа само три минути подоцна со фантастичен удар од далечина го совлада Кепа за 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез чукна на вратата на Арсенал, од Лондон му порачаа: „150 милиони евра и можеш да го имаш“

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за еден од најдобрите средни играчи во светот, Деклан …