Фудбалерите на Црвена Звезда и Партизан вечерва го одиграа 159-тото вечно дерби.
На крајот големите ривали го поделија бодовите. Звезда доминираше, но на крајот Партизан успеа да освои бод.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Стартот на натпреварот донесе и една контроверзна ситуација. На Звезда и беше поништен чист погодок, а потоа во 37-та минута Партизан успеа да стигне до водство.
https://youtu.be/sWpuGcsX96s
https://youtu.be/xF2c1UOTlF8
Со овој резултат се замина на полувремето, а потоа започна доминацијата на црвено-белите. Таквата игра им се исплатеше во 74-тата минута кога Павков погоди за 1:1.
https://youtu.be/nsm7W3OJAKk
Вечното дерби не помина и без жестоки дуели на теренот. Во еден момент Николиќ го удри Стојковиќ, после што двајцата влегоа и во физички судир.
Во конфликт влегоа и уште неколку играчи, како изгледаше сето тоа може да погледнете во видеото.