Дома Видео Ремек дело на Иско, а потоа се извини пред сите

Ремек дело на Иско, а потоа се извини пред сите

0

Иско постигна прекрасен погодок од слободен удар во победата на Реал Мадрид над Малага со 2:1.

Кралевите гостуваа кај отпишаните Малага, а тимот на Зинедин Зидан и без главните ѕвезди успеа да оствари победа.

Водечкиот гол го постигна Иско во 23. минута од слободен удар, а откако погоди против поранешниот клуб, одлучи да се извини пред навивачите на домашниот тим, што секако е потег за пофалба.

Ова беше негов прв гол во Ла Лига од слободен удар од седмиот обид, а очигледно се исплатеше трпеливоста. Во секој случај, домашните навивачи му аплаудираа, Иско беше и остана миленик на Малага.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Париз слави: Ајфеловата кула изгледа – спектакуларно! (фото+видео)

Повеќе од милион Французи вечерва се на улиците на Париз каде се слави втората шампионска …