Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Рекорд: Судија покажа 18 жолти картони на Европското првенство

Рекорд: Судија покажа 18 жолти картони на Европското првенство

На вчерашниот натпревар помеѓу Турција и Чешка беше поставен рекорд по бројот на картони покажани на Европско првенство.

Судијата Иштван Ковач покажа вкупно 18 картони, 16 жолти и два црвени. Исклучени играчи беа двајца играчи на Чешка, Антони Барак кон средината на првиот дел и Томаш Хори по последниот судиски ссвиреж кога имаше тензија помеѓу фудбалерите.

Дури девет жолти картони судијата покажа по 80 минута кога на теренот се разгореа страстите. Со конечниот резултат (2:1) Турција продолжи во осминафиналето, а Чешка го заврши настапот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Роналдо Назарио во разговори со Индија: фокусот е на развој на фудбалот

Легендарниот Бразилец во Њу Делхи разговарал со индискиот министер за спорт за ширење на ф…