Дома Фудбал Рекорден договор: Реал од „Емирати“ ќе добива 70 милиони!

Рекорден договор: Реал од „Емирати“ ќе добива 70 милиони!

Раководството на Реал Мадрид и „Емирати“ наскоро ќе потпишат нов договор, според кој „кралскиот“ клуб ќе инкасира 70 милиони евра годишно.

Веста дека Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со „Емирати“ денес ја објави „Марка“, која ги откри и деталите од новиот договор.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Договорот ќе биде продолжен до 2022 година, а со 70 милиони евра Реал Мадрид ќе стане рекордер и ќе го помине Манчестер Јунајтед кој од „Шевролет“ добива 62 милиони евра.

За споредба, Барселона од „Ракутен“ добива 55 милиони евра годишно. Во исто време луѓето од „Сантиаго Бернабеу“ водат преговори и со „Адидас“, целта е да биде договорена сума од 105 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Среќата е надвор од „Олд Трафорд“ – тоа ќе го потврдат Рашфорд, Онана, Ентони…

Некои од поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед ја најдоа среќата далеку од „Олд Траф…