Мадридски Атлетико во текот на летото ќе остане без голем број фудбалери.
Клубот претходно го продаде Лукас Ернандез на Баерн за 80 милиони евра, Антоан Гризман објави дека го напушта клубот, а неговиот трансфер ќе им донесе 96 милиони евра, бидејќи 24 ќе инкасира Реал Сосиедад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како слободни играчи заминуваат Диего Годин, Хуанфран и Филипе Луиз, па јасно е дека ова лето ќе следува реконструкција на тимот на „јорганџиите“.
Парите нема да им бидат проблем. Со оглед на тоа дека ќе заработат доволно, раководството на тимот одлучи да издвои повеќе од 200 милиони евра за засилувања.
Таа сума би требало да биде доволна за освежување на тимот, но сосема сигурно е дека Атлетико ќе ги почуствува заминувањата на стандардните првотимци во следната сезона.
Најголема желба на Симеоне е Пауло Дибала на кого е спремен да го потроши половина буџет и во кого гледа идеална замена за Гризман.
Едно е сигурно, не очекува жешко лето на „Ванда Метрополитано“…