Дома Останати Кошарка Режисерот на „Последниот танц“: Гледачите ќе бидат шокирани од следните две епизоди

Режисерот на „Последниот танц“: Гледачите ќе бидат шокирани од следните две епизоди

Од документарецот „Последниот танц“во кој се прикажува животот и кариерата на еден од најголемите спортисти на сите времиња, Мајкл Џордан до сега беа емитувани шест епизоди и беа откриени некои детали кои јавноста не ги знаеше за славниот кошаркар.

Режисерот на документарецот најавува дека најдоброто допрва доаѓа. За медиумите тој откри дека следните две епизоди ќе бидат шокантни за јавноста. Дури на него самиот не му се верувало дека Џордан дозволил да бидат објавени.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во следната, седма епизода ќе може да се види како Џордан го удира соиграчот Стив Кер, а неговото однесување било како на диктатор.

„Двете епизоди кои следат ќе ја шокираат јавноста. Не знам дали било убаво со него на тренинг поради некои работи кои ги правел. Мајкл барал тренинзите да бидат потешки од натпреварите. Јас лично сум шокиран од тоа што дозволил да се објават“, изјави режисерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Масовна тепачка во НБА лигата: Летаа тупаници, настрада снимател и камера (Видео)

Оклахома тандер победи на гости против Вашингтон Визардс со 132:111, но главната приказна …