Дома Фудбал Револуционерна новина во фудбалот: Се воведува син картон

Револуционерна новина во фудбалот: Се воведува син картон

Според пишувањето на британските медиуми, наскоро би можеле да видиме една од поголемите промени во фудбалот во последните години.

Имено, како што пренесува „Телеграф“, покрај жолтиот и црвениот картон како начин на санкционирање наскоро фудбалерите ќе добиваат и син картон.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Синиот картон би значел дека фудбалерот кој го добил ќе мора да оди надвор од игра на десет минути.

Картонот би можел да се добие за груб старт или расправија со судиите на теренот.

Се уште не постои јасно ограничување кога арбитрите ќе треба да изберет некој од трите наведени картони, меѓутоа праксата веројатно е единственото мерило кое тоа може да го покаже.

Исто така, два сини картони, исто како и два жолти ќе бидат еднакви на црвен картон. Англискиот ФА Куп за мажи и жени во наредната година ќе биде натпреварувањето кое би можело да покаже дали ваквото правило е ефикасно или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…