Дома Фудбал Останато Реал ќе мора да патува во Лондон поради клазула од договорот за Бејл?

Реал ќе мора да патува во Лондон поради клазула од договорот за Бејл?

Герет Бејл се врати во Реал Мадрид откако му истече позајмицата во Тотенхем.

Велшанецот минатата сезона ја помина на позајмица во лондонскиот клуб и остави прилично добар впечаток посебно во финишот на сезоната, но Тотенхем одлучи да не го откупи неговиот договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Така Бејл се врати во Реал Мадрид каде што ќе ги стартува припремите за новата сезона. Неговиот договор со Реал важи до следната сезона, па останува да видиме како ќе се одвиваат работите.

Сега Тотенхем наводно сака да активира клазула која била договорена пред осум години кога Бејл преминуваше во Реал Мадрид. Тогаш покрај сумата и неколку други клазули, една гласеше декја Реал и Тотенхем ќе одиграа пријателски натпревар. Договорот бил тој натпревар да се игра во Лондон.

Меѓутоа откако поминале седум години во Реал сигурно сметале дека од тоа нема ништо, сепак од Тотенхем сега ги контактирале и сакаат да го одиграат тој натпревар до крајот на овој месец како дел од припремите за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…