Дома Топ вести Реал тргнува по најдобриот играч од Серија А

Реал тргнува по најдобриот играч од Серија А

Рафаел Леао одигра фантастична сезона со Милан и вчера беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, па неколку европски гиганти веќе покажуваат силен интерес за неговиот потпис.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Сега во траката за неговиот потпис се вклучи и Реал Мадрид, откако стана јасно дека нема да успее да го донесе Мбапе.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил тројно зголемување, па е спремен да ја одбие секоја понуда која ќе пристигне за Португалецот.

Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Реал ќе се обиде да ги искористи добрите односи со Милан и спрема понуда која со бонуси може да достигне до 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Репрезентацијата на Шпанија според очекувањата ја победи Грузија со 4:1 и се пласира во че…