Дома Топ вести Реал се вклучи во трката за Гвардиол

Реал се вклучи во трката за Гвардиол

Хрватскиот репрезентативец, Јошко Гвардиол импресионираше со своите настапи на Мундијалот и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Реал Мадрид.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Познато е дека Челзи долго време е заинтересиран за дефанзивецот и дека е спремен да понуди 90 милиони евра, па Реал сака да ја победи конкуренцијата.

Анчелоти ветува дека Гвардиол може да биде столб на одбраната на „кралевите“ во наредните десет години и Реал нема да жали пари за да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Притоа, Хрватот е спремен да ги одби клубовите од Премиер лигата бидејќи преферира да игра за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…