Од раководството на Реал Мадрид му соопштиле на Зинедин Зидан дека не планираат да трошат огромни пари на големи засилувања во јануарскиот преоден рок.
Така, Французинот речиси сигурно ќе остане без услугите на Пол Погба и Кристијан Ериксен, играчите со кои најмногу се поврзуваше.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Реал Мадрид игра променлива сезона, но има ист број бодови колку и Барса во шпанската Ла Лига и се уште е еден од главните фаворити за освојување на титулата во Шпанија.
Зидан сака да го засили средниот ред во јануари, но Перез е скептик за доведување на големи ѕвезди среде сезона, па големите трансфери ќе бидат оставени за следното лето.