Mинатото лето Реал Мадрид го испрати младиот Ахраф Хакими на двегодишна позајмица во редовите на Борусија Дортмунд.
Младито Мароканец експлодираше во првата сезона во Бундеслигата, додека Реал од другата страна се мачи со повредите на Карвахал, се додека Одриозола не се прилагоди. Поради тоа, Хакими би можел да се врати порано во Мадрид, можеби уште ова лето, по истекот на само една година од двегодишната позајмица.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Самиот фудбалер истакна дека има голема желба што побрзо да се врати во редовите на Реал Мадрид. Што значи, Мароканецот би можел да ја засили конкуренцијата до десната аут линија, ќе видиме што на ова ќе каже Зидан, кој своевремено и му даде шанса во првиот тим.