Дома Фудбал Реал Мадрид утре ќе го објави договорот на Модриќ

Реал Мадрид утре ќе го објави договорот на Модриќ

Реал Мадрид утре официјално ќе го објави новиот договор на Лука Модриќ до 2023 година, пренесува еминентниот новинар Фабрицио Романо.

Реал Мадрид го обезбеди потписот на играчот за врска на Монако, Орелијан Чуамени, но пред да го објави трансферот прво ќе го официјализира новиот договор на Модриќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хрватот ќе го потпише новиот договор во друштво на претседателот Флорентино Перез, на специјална церемонија на „Сантиаго Бернабеу“.

36-годишниот Хрват одигра уште една фантастична сезона и најверојатно кариерата ќе ја заврши во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдено – Светскиот шампион од 2018 објави дека се пензионира на 31 година

Стоперот Самуел Умтити одлучи да ја заврши професионалната кариера. Повредата на коленото …