Скаутите на Реал Мадрид ги следат настапите на хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер на Мундијалот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватскиот плејмејкер одигра одлична сезона за Рен каде постигна 11 гола и запиша 13 асистенции, а и оваа сезона продолжи со добрите игри.
Скаутите на многу европски гиганти веќе подолго време го следат Ловро Мајер, а покрај Реал интерес за него покажува и ПСЖ.
Ловро е стандарден хрватски репрезентативец и се најде на списокот за Светско првенство, а во татковината веќе го доби епитетот „новиот Модриќ“.
Рен за слободата на 24-годишниот плејмејкер бара 30 милиони евра, што нема да биде проблем за „кралевите“.