Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по Обамејанг

Реал Мадрид тргнува по Обамејанг

Напаѓачот  на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг одби да го продолжи договорот со „топџиите“ и на лето најверојатно ќе го напушти „Емирати“.

Весникот „АС“ денес пренесува дека следна дестинација на Обамејанг може да биде Реал Мадрид, бидејќи Зидан е во потрага по нов врвен напаѓач.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Британските медиуми, пак, нагласуваат дека Обамејанг сепак е втора опција за „кралевите“ доколку не успеат да го договорат трансферот на Халанд.

Обамејанг на лето влегува во последната година од договорот, па Арсенал ќе биде примиран да го продаде, а неговата цена во моментов изнесува 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…