Реал Мадрид нема да се обиде да го донесе во своите редови напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, пренесува „Скај Спорт Германија“.
Полскиот репрезентативец долго време се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен, иако од Баерн беа категорични дека не сакаат да се разделат со напаѓачот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумот пренесува дека Реал и официјално се откажал од ангажман на Левандосвки и тоа му го соопштил на неговиот агент Пини Захави. Израелецот беше ангажиран од напаѓачот да го отвори патот кон „Сантијаго Бернабеу“.
Причините не се објавени, но очекувањата се дека клубот ќе ги вложи сите напори за привлекување на Нејмар, па затоа се откажува од Левандосвки.
Единсвен клуб кој би можел да понуди 100 милиони евра за 29-годишниот напаѓач е ПСЖ, но се очекува Левандовски да остане во Баерн Минхен.