Дома Топ вести Реал Мадрид победи, Лука Јовиќ конечно постигна гол (ВИДЕО)

Реал Мадрид победи, Лука Јовиќ конечно постигна гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва го победија Леганес со 5:0 во рамките од 11-то коло на Ла Лига.

„Кралевите“ конечно одиграа еден одличен натпревар во кој можеа дури да постигнат и повеќе голови, но тренерот Зинедин Зидан сигурно ќе биде и вака задоволен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голеадата ја отвори Бразилецот Родриго во 7-та минута. Само минута подоцна Тони Крос зголеми ан 2:0.

До крајот на првиот дел Реал постигна уште еден гол и тоа преку Серхио Рамос кој беше прецизен од белата точка.

Во продолжението Реал малку успори, меѓутоа постигна два гола. Стрелци на овие голови беа Карим Бензма и конечно Лука Јовиќ.

Реал со овој триумф се врати на второто место во Ла Лига со 21 освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Марка: Овој Реал вистинска срамота

Во осминафиналето на шпанскиот Куп на кралот, фудбалерите на Реал го запишаа поразот во пр…