Раководството на Реал Мадрид планира да добие 100 милиони евра од продажбата на Герет Бејл и Хамес Родригез, пренесува „Мундо Депортиво“.
И двајцата се надвор од проектот на „кралскиот“ клуб и се ставени на трансфер листа. Велшанецот има договор со Реал до 2022 година и во моментов е најплатен фудбалер на „Сантиаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид планира од неговата продажба да инкасира 60 милиони евра, а Хамес Родригез е спремен да го пушти за 40 милиони евра.
Со продажбата на овие две ѕевзди Реал Мадрид има план да финансира доаѓање на нова ѕвезда во нападот, а првата желба е Ерлинг Халанд од Боруија Дортмунд.