Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е спремен да му постави ултиматум на Килијан Мбапе за во најскоро време да стави потпис на договорот со „кралевите“, пренесуваат шпанските медиуми.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Француската ѕвезда има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и од јануари е слободен да потпише преддоговор со друг клуб. Токму тоа е и целта на раководството на „кралевите“ кое сака што поскоро да го добие потписот на Мбапе.




Во Реал до неодамна беа апсолутно сигурно дека ќе го добијат Мбапе без обештетување на лето, но во последно време се посилни се информациите дека Французинот размислува за краткорочен договор со ПСЖ според кој ќе биде најплатен фудбалер во светот.




Од „Сантиаго Бернабеу“ му поставиле ултиматум и му порачале дека доколку сега не потпише, никогаш повеќе нема да може да игра за „кралскиот“ клуб, а познато е дека тоа е животна желба на Мбапе.