Дома Топ вести Реал Мадрид и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Сити

Реал Мадрид и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Сити

Реал Мадрид и ПСЖ се силно заинтересирани за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.

Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач и верува дека Алварез може да биде новата „деветка“ за цела наредна деценија.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Од друга страна пак ПСЖ е во потрага по нова ѕвезда во нападот поради сигурното заминување на Мбапе, па прва мета е токму Аргентинецот.

Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал.

Одигра важна улога во освојувањето на Мундијалот за Аргентина и веднаш доби нов договор во Манчестер Сити.

Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Каземиро и Варан се враќаат во Мадрид

Рафаел Варан и Каземиро не е задоволни од тоа како се одвиваат работите во Манчестер …