Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.




28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.




Ситуацијата ја следат неколку европски гиганти, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето.




Најконкретен е Реал Мадрид кој веќе испратил понуда до агентот на Германецот. „Кралевите“ му нудат 3-годишен договор тежок 10 милиони евра по сезона.