Реал Мадрид доби големо засилување, но не во играчкиот кадар.
Во таборот на „кралевите“ пристигнува еден од најдобрите спортски директори, Португалецот, Луис Оскампос.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за човек кој во претходните седум години работеше во Монако и Лил како спортски директор и реализираше трансфери како Марсијал, Фалкао, Хамес, Бернардо Силва…За неговите услуги беше заинтересирана и Барселона, но на крајот тој ја прифати понудата од Реал.
Португалецот во сезоната 2012/2013 работеше како клупски скаут и аналитичар, а интересно е што од 1992 до 2005 беше тренер во неколку португалски клубови. Помеѓу нив беше и екипата на Гил Висенте со која во 2002 година ја прекина низата на Порто предводен од Мурињо од 27 натпревари без пораз. Во неговиот период во Монако блесна и Мбапе.
Ако Оскампос продолжи со работата како и до сега Реал Мадрид заврши навистина голема работа.
🚨| Luis Campos is one of the best sporting directors in the world, and is known to be very close to Kylian Mbappé when they were both at Monaco. #rmalive pic.twitter.com/yDLHZA6oWb
— Madrid Zone (@theMadridZone) March 25, 2021