Oткако Колумбиецот, Хуан Фернандо Кинтеро стана херој на Ривер во епското финале го привлече и вниманието на европските гиганти.
Колумбискиот офанзивец со голот во продолженијата ја сруши Бока во Мадрид, а наскоро „Бернабеу“ би можел да стане и негов дом.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кинтеро е играч на Порто кој настапува на позајмица во Ривер. Аргентинскиот клуб има опција да го откупи за сума од 3.2 милиони евра до крајот на декември.
„Марка“ пишува дека Реал Мадрид сака да го види во своите редови. Кинтеро блесна токму во домот на Реал Мадрид во јужноамериканското финале.
Така Ривер за својот влог од 3.2 милиони евра би можел да добие пет пати поголема сума.
https://www.youtube.com/watch?v=mqc-iyCaFDc