Реал Мадрид поради значајниот губиток на приходи поради пандемијата ова лето најверојатно нема да носи нови засилувања, открива „Марка“.
Притоа, „кралевите“ сакаат да се ослободат од некои фудбалери кои имаат високи плати, а не се во плановите на Зидан, пред се Герет Бејл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека Реал сака да се ослободи од неколку играчи и со тоа да заработи 200 милиони евра.
Хакими е веќе продаден за 45 милиони евра, а први на листата за продажба се Хамес Родригез и Герет Бејл.
„Кралевите“ го ставиле Бејл на „попуст“ и се спремни да го пуштат за „само“ 25 милиони евра, бидејќи приоритет е да се ослободат од високата плата на Велшанецот.
За него интерес покажуваат неколку клуба од Премиер лигата, пред се Арсенал, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, кои се спремни да ја платат барана сума, но Бејл ќе мора да прифати помала плата.