Дома Фудбал Лига на шампиони Реал и Баерн поразени, голема победа на Јувентус

Реал и Баерн поразени, голема победа на Јувентус

Големите фаворити Реал Мадрид и Баерн беа поразени на гостувањата кај Лил и Астон Вила, а Јувентус запиша голема победа против Лајпциг.

Лил успеа да го победи актуелниот европски првак Реал Мадрид со 1-0 во второто коло од Лигата на шампионите. 

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Стрелец на победничкиот гол беше Џонатан Дејвид од пенал во 45.минута, откако Едуардо Камавинга играше со рака во шеснаесетникот.

Астон Вила е во Лигата на шампионите по 41 година и направи голем подвиг со победата над Баерн Минхен. Единствениот гол го постигна Дуран на десетина минути пред крајот на мечот.

Атлетико Мадрид доживеа дебакл на гостувањето кај Бенфика со 4:0.

Исклучително возбудлив меч одиграа Лајпциг и Јувентус, кој на крајот заврши со победа на „старата дама“. Отвори Шешко, а Влаховиќ израмни на 1:1.

Потоа домаќините дојдоа во водство откако Јувентус остана со играч помалку. Меѓутоа Италијанците успеаа да дојдат до пресврт и голема победа од 2:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…