Украинскиот голман Андреј Лунин денеска беше претставен на Сантијаго Бернабеу.
Деветнаесетгодишниот голман минатата сезона бранеше 29 натпревари во украинската лига, а од наредната ќе биде дел од големото фудбалско семејство во Мадрид.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Тој се смета за голем голмански потенцијал, но не е познато какви планови има Реал со него. Многу веројатно е дека или ќе замине на позајмица или ќе биде дел од младинскиот тим на Кралевите.
Освен Лунин, во првиот тим на Реал се уште Навас, Касиља и Лука Зидан, а се поверојатно е дека наскоро ќе пристигне и Тибо Куртоа.
? #WelcomeLunin
? Andriy Lunin pic.twitter.com/0Cx3FWLM8w— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 23, 2018