Дома Топ вести Реал го освои Камп Ноу и се врати на врвот🎥

Реал го освои Камп Ноу и се врати на врвот🎥

Првото овогодишно Ел Класико му припадна на Реал Мадрид, кој славеше на Камп Ноу со 1:2.

Дербито од самиот старт почна возбудливо и со шанси на двете страни. Винисиус ја пропушти наголемата шанса за „кралевите“, а неколку минути подоцна Дест имаше колосална шанса за Каталонците.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во 35-та минута Реал одигра фантастичен контранапад кој со гол го заврши Алаба, резултат со кој се замина на полувреме.

Барселона се обидуваше да дојде до израмнување во вториот дел, но „кралевите“ добро го контролираа мечот се до 90-та минута кога Лукас Васкез зголеми на 2:0.

Агуеро во 96-та минута ги постави конечните 1:2 со својот прв гол во дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реприза во Струмица: Брера и Работнички во два натпревари постигнаа 14 гола!

Фудбалерите на Работнички конечно се израдуваа на триумф, откако во 19. коло од Првата мак…